Фатете дебела сенка и добро подгответе се, затоа што од утре доаѓа нов африкански бран со дневни температури до +40 степени Целзиусови и висок УВ индекс.
Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работина почетокот на наредната недела температурата насекаде низ земјава ќе биде над 33 степени, а на места ќе достигнува и до 40 степени.

извор УХМР Македонија
Како да се однесуваме на топлото време?

– Пијте течности, поготово вода, а избегнувајте ги соковите збогатени со шеќери или вештачки засладувачи кои дополнително ја поттикнуваат жедта.
-Избегнувајте подолг престој на сонце во периодот од 10 до 17 часот.
– Доколку поминувате време на отворено на кожата која што е изложена на сонце нанесете крема со заштитен фактор како би ја заштитиле од штетните УВ зраци.
– Престојувајте во разладени простории, но не претерувајте со клима уредите. Доколку користите вентитлатор внимавајте воздухот да не дува директно кон вас со цел да не го загрозите здравјето, да ги вкочаните мускулите и да добиете настинка.
– Носете облека од природен материјал како што се лен и памук кои овозможуваат полесно дишење на кожата.
– Одберете светли бои на облеката и избегнувајте ја црната боја. Светлите бои не се мамка за силното сонце.
OhridNews