Oд утре почнува вакцинацијата против сезонски грип во Охрид. Истата ќе се одвива во периодот од 7 и 30 до 15 часот информира епидемилогот Јованка Стурлакова Коровешоска од Центарот за јавно здравје во Охрид.
Во Охрид дневно е предвидено да се вакцинираат по 160 лица. За секој кој добил термин е обезбедна вакцина. Истовремено, може да се вакцинираат и тие што немаат право за бесплатна вакцинација. Тие се опфатени со комерцијалната вакцина чија цена е 800 денари. Комерцијалната вакцина може да се прими во секое време во текот на денот и не е потребно да се резервира термин, вели.
Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за ризичните групи како возрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години. И двете вакцини и комерцијалната и бесплатната се од производителот компанијата „Абот“ од Холандија, вели Стурлакова Коровешоска.
За вакциналните пунктови во Охрид, Струга и Дебар засега набавени се 400 комерцијални вакцини, а за ризичните групи, односно бесплатни 1.500. Но, во зависност од интересот ќе добиваме дополнително. Вакцинацијата е многу важна, потенцира Стурлакова Коровешоска.
Во однос на вакцинацијата против Ковид 19 вели интересот е многу слаб, односно дека се вакцинираат само оние лица на кои им е потребна за патување во странство.
Н.С.Ј.












