Од утре, 1-ви декември, на инсулин зависните пациенти ќе им се овозможи издавање на инсулинска терапија само врз основа на Барање за издавање на инсулинска терапија кое ќе го издава лекар специјалист/субспецијалист (интернист/ендокринолог) во Центарот за дијабет.

Оваа новина ќе ја поедностави постапката за издавање на инсулинската терапија, а при тоа ќе се намали и бројот на посетите кај избраните лекари.

Се реализира со соработка помеѓу ФЗОМ, Здруженијата на граѓани, специјалисти од Центрите за дијабет како и Министерството за здравство.

Бројот на регистрирани лица со дијабетис кои се на инсулинска терапија во Република Македонија е 36,230 лица со тип 1 дијабетис, и околу 34,000 со тип 2 дијабетис, односно вкупно 70,230. Овој број е во постојан пораст.

OhridNews