По денешното облачно и врнежливо време, во текот на утрешниот ден во Охрид се очекува потопло време со дневни температури од 16 степени и минимална од 7 степени. Ќе биде променливо облачно со периоди на сонце, но и услови за повремени грмотевици и дожд.
Од недела следи стабилизирање на времето, повисоки температури и сончево време. На првиот и вториот ден од велигденските празници во Охрид ќе биде сончево и топло со максимална температура од 18 степени.
OhridNews












