Според прогнозите на синоптичарите, од утре повторно не очекува дестабилизирање на временските услови, променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и ветар од северен правец.

Утре максималната температура во Охрид ќе се движи до 13- тиот степен. Драстично опаѓање на температурите не очекува за време на викендот. Во сабота се предвидува максималната температура да се движи од три до шест степени, додека пак минималната од -1 до 1 степен целзиусов.

Благо покачување на температурата се очекува од недела, кога максималната ќе достигне 9 степени.  

OhridNews