Забраната се однесува на пловните објекти „скутери“ со јачина поголема од 45 киловати кои можат да пренесуваат максимум 3 лица. Ограничувањето важи од секој ден во периодот од 11 до 18 часот и на сила ќе биде до 20 август. Одлуката не се однесува само на скутерите кои се наменети за службени потреби за вршење на инспекциски, царински и полициски надзор.
-Целта на оваа одлука не е само заштита на капачите, туку и заштита на животната средина и сметам дека е оправдана,информираат од Капетанијата на пристаништата Охрид.
Оттаму најавуваат дека во периодот на забрана Капетанијата во соработка со Министерството за внатрешни работи – Езерска полиција ќе врши редовни контроли во однос на почитувањето на законските прописи.
Граѓаните кои нема да ја почитуваат одлуката се соочуваат со глоба која во зависност од прекршокот се движи од 6.000 до 8.000 евра во денарска противвредност за правни лица кои не се придржуваат до ограничувањето за пловидба, од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за трговци-поединци. Ќе се изрекуваат и мандатни казни на лице место во износ од 600 евра во денарска противвредност.