Според прогнозите на синоптичарите, во наредните неколку денови не очекува стабилизирање на временските услови, сончево време и постепено покачување на температурата.Утре во Охрид ќе биде претежно сончево со умерен, а на места засилен ветер од северозападен правец и максимална температура до 18 степени.
Зголемување на температурите ќе следи од сабота. За викендот максималната температура ќе биде од 21 степени во сабота, до 26 во недела. Постепено покачување на температурите ќе следи и во текот на идната недела. Според прогнозите, во вторник во Охрид максималната температура ќе достигне и до 30 степени.












