Околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци, утре ќе се вратат во училишните клупи за почетокот на второто полугодие од учебната 2016/2017 година.
Зимскиот распуст беше продолжен со два дополнителни наставни дена (18-ти и 20 јануари), по препораката од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство да се избегне опасноста од ширење на грипот. Во меѓувреме, од страна на центрите за јавно здравје беше извршена дезинфекција на просториите во кои се врши настава со цел да се избегне понатамошно ширење на грипот.
Како што информираа од министерството за труд и социјална политика, двата дена ќе се одработаат во март и април.
OhridNews