Од утре до 31 август 2012 годин, во текот на летната туристичката сезона, на патот Гостивар-Охрид ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај во двата правца. Режимот предвидува воспоставување на  привремена забрана за движење на тешки товарни возила, информираат од АМСМ.

Тешките товарни возила, со над 7,5 тона вкупна маса нема да смеат да се движат секој петок во интервалите од 17 до 24 часот и секоја сабота и недела од 7 до 24 часот.

– Овој посебен режим на сообраќај ќе се воведе летово за да се избегне застој на патот кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, да се намали застојот на пунктовите за наплата на патарина и за да има побрз проток на возилата и непречено движење на туристите, велат од АМСМ.

 За регулирање на сообраќајот и воспоставување на забраната соодветни сообраќајни табли ќе бидат поставени долж целата делница од Скопје до Охрид во двете насоки и тоа на секој излез од градовите, како и на приклучоците со други патишта.

OhridNews