Германија, слично како и Данска ни се извлече на континеталниот собир во Србија, и тоа со погодок во последната минута, и затоа и тие се ставаат на листата должници.
Изборот на Германија е логичен сплет на околности и одење на линија на помал отпор, кој би сакал да игра против актуелниот светски и олимписки првак Франција, а притоа многу полесно е да изгубиш отколку да добиеш натпревар.
Но “фалангата“ ќе мора да даде 200 % за да се победат панцирите (кои се едни од ретките кои успеале во последните неколку години да слават над Франција). Кире и друштвото се бледа сенка од петтата европска сила, па ќе имаат “планина за искачување“ за да стигнат до најдобрите осум.
Неубедливите победи над Катар и Чиле, “планираниот“ пораз од Данска, немоќта на мечот со Исланд и “историскиот“ бод против Русија, многу лесно може да се заборават со триумф над Германија.
Па момци од Вас зависи.