Поради ниските температури и можните оштетувања на мозаикот и прскалките, од вечерва фонтаната која се наоѓа под споменикот „Воин на коњ“, на скопскиот плоштад, нема да биде во функција. Како што информираат дел од медиумите, фонтаната ќе продолжи со работа кога временските услови ќе го дозволат тоа.

Фонтаната и споменикот „Воин на коњ“, беа свечено пуштени во употреба на прославата на 20 годишнината од независноста на Македонија на 8- ми септември.

OhridNews