Од викендов, поточно недела 25- ти март, како дел од летниот возен ред на српската авиокомпанија „ЈАТ Ервејз“ се воведува и линијата Белград-Охрид-Белград.

Покрај кон Охрид, оваа авио компанија во текот на летната сезона воведува и авиолетови кон хрватските градови – Сплит, Дубровник и Пула, како и кон Солун.

Со новиот возен ред, кој ќе важи до 27 октомври, ЈАТ ќе опслужува летови кон и од 35 градови во 25 земји од Европа и медитеранскиот регион.

OhridNews