Според прогнозите на синоптичарите, врнежливото време ќе се задржи уште утре, за кога во претпладневните часови се предвидуваат услови за краткотраен дожд, но во поголем дел од земјава ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен западен ветер.

Од недела ќе следи сончево време со умерена облачност и постепено покачување на температурата.  Минималната ќе се движи од 3 до 10 степени, а максималната во делови од земјата ќе достигне и до 26 степени.

Во Охрид минималната температура ќе биде помеѓу 3 до 7 степени, а во понеделник ќе се искачи до 19 степени целзиусови.

OhridNews