Кандидатот за пратеник Александар Николоски на денешниот прес во општинската ВМРО- ДПМНЕ рече дека зачудува тоа што јавноста сеуште нема можност да ги види двајцата кандидати за пратеници од СДСМ.

– Дали тоа е поради кавгата во СДСМ околу пратеничките листи, откажувањето на Митре Велјаноски и поставувањето на нов човек наместо него, дали поради новиот концепт на  СДСМ- раководството да бега од соочување со народот и да чекаат да станат премиери или министри без поддршка од народот, или се работи за тоа што немаат програми, праша Николоски.

Тој јавно ги повика носителот на кандидатската листа за пратеници од СДСМ за 5- та ИЕ и кандидатите за пратеници да излезат и да ја презентираат програмата и да ја информираат јавноста за плановите за работа во следните години.

Николоски зборуваше и за работењето на градоначалникот Никола Бакрачески, за кого потенцира дека за само една година направил многу повеќе за градот,отколку минатата локална власт, и покрај наследените долгови.

OhridNews