Општинската ВМРО- Народна партија со неколку предлог мерки со цел надминување на социјалната раслоеност во Македонија која резултира со масовно иселување на младите.

Во својата програма ВМРО- НП предвидува нејзините пратеници во македонскиот парламент да се заложат социјалната парична помош за двочлено семејство да биде во висина на минималната плата, односно за секој челен од потесното семејство да изнесува 4000 денари, а предвидено е пратениците да иницираат и донесување на Закон за социјална заштита од енергетска сиромаштија со кој корисниците на постојана социјална парична помош да добиваат по 1600 денари месечно.

– Пратениците на ВМРО НП ќе иницираат донесување Закон за социјална заштита од комунална сиромаштија со кој корисниците на постојана социјална парична помош ќе добиваат по 1000 денари месечно за подмирување на обврските за вода, канализација, ѓубретарина и др комунални давачки, ќе иницираат донесување на Социјален закон со кој семејствата кои користат постојана социјална помош ќе бидат ослободени од плаќање кирија во социјалните станови и од радио дифузната такса.ВМРО НП ќе се заложи студентите кои потекнуваат од социјални семејства да не плаќат партиципација за студирање, како и да се донесе Закон со кој целосно ќе се реши проблемот со стечајните работници. Со овој Закон ќе се обезбеди паричен надомест, во висина од минималната плата во стопанството,  на сите граѓани кои останале без работа без своја вина, поради приватизација на претпријатијата со општествена или државна сопственсот, а имаат 15 години работен стаж, рече Владо Цветкоски од ОК на ВМРО- НП.

Тој додаде дека пратениците на ВМРО НП ќе се залагаат и за зголемување на детскиот додаток и посебниот додаток за дете за 10% секоја година, за воведување на задолжителна квота за вработување на лицата со посебни потреби во државната и јавната администрација, но и во јавните претпријатија. Нивните пратеници ќе преземаат активни политики за родова рамноправност, како и да може да се оди во пензија по еден од двата основи: пензионирање според возраст од 62 години за жени и 64 години за мажи и пензионирање со работен стаж од 35 години за жени и 40 години за мажи.

Пратениците на ВМРО НП во македонскиот парламент ќе се заложат и за државна социјална пензија кој треба да биде 50% од просечната старосна пензија. Цветкоски потенцира дека социјалната правда е една од мерките со кои ќе се успее младите луѓе и младите семејства да се задржат во Македонија и дека тоа е можност на граѓаните на Република Македонија да им се врати достоинството и конечно да се чувствуваат како рамноправни граѓани во државава.

OhridNews