Од први октомври СДСМ започнува со реализација на проектот „Отвори врата за иднината“.

За прв пат активисти на социјалдемократскиот сојуз ќе ги посетат сите домови,  ќе чукнат на секоја врата и ќе поразговараат со граѓаните со цел да ги чујат нивните ставови, мислења и предлози.

– СДСМ покрај тромесечното теренско работење со проектот Работно лето, сега ќе започне и со реализација на овој проект. СДСМ бил и секогаш ќе биде со народот, особено сега во овие тешки, пред се социјални моменти и сака да го чуе гласот на народот и да му помогне кога му е најтешко, рече на денешната прес- конференција пратеникот Митре Велјаноски.

Проектот „Отвори врата за иднината“ ќе се реализира до 20 ноември, а активистите ќе ги вршат посетите во периодот од 18 до 21 часот.

Предлозите и ставовите на граѓаните ќе бидат искористени при изготвувањето на програмска платформа на СДСМ за локални избори 2013.

Како што потенцира Велјаноски, СДСМ на претстојните избори ќе води позитивна кампања, во која партијата ќе биде во функција на реализација на она што е приоритет за граѓаните, а не дневно политичките интереси на партијата.

OhridNews