Од јули од аеродромот во Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии кон Алгеро Сардинија и кон Палермо, најави министер за транспорт Александар Николоски.

Уште две нови авиолинии од Скопскиот аеродром! Убави вести за сите што сакаат да патуваат, како и за сите што сакаат да ја посетат Македонија. Од 18ти јули од Аеродром Скопје ќе може да се лета за Алгеро Сардинија во Италија, а од 15ти јули од Скопје ќе може да се лета и до Палермо во Италија. Со овие две нови авиолинии на Wizz Air се очекува уште повеќе да го зголемат авио сообраќајот на Скопскиот аеродром кој во 2025 година имаше рекордна година со над 3.2 милиони патници и со новите линии станува лидер во регионот, стои во објавата на министерот Николоски.

Исто така, посочува, најавено е зголемување на бројот на летови и патници на постојаните линии, како и нов авион на Скопскиот аеродром од најновата класа на Airbus A321 Neo.

Имајќи предвид дека ова се линии кои ќе оперираат во летната сезона за нив не се предвидени субвенции, што е квалитет плус и показател дека комерцијално се повеќе ќе има интерес за Скопскиот аеродром, додава Николоски.

OhridNews