Со низа активности во просториите на О.У. “Братство Единство” беше одбележан Денот на овошјето, како дел од Еко- проектот за интеграција на еколошки содржини во наставната програма. Наставниците од трите наставни јазици, заедно со своите преку ученици преку работилниците покажаа дека е можно овие содржини да се имплементираат во сите наставни предмети.
Се подготвуваа овошни компоти, сокови, колачи, маски, се играа комјутерски и математички игри , беа организирани игри без граници во дворот на училиштето како и многу други активности со кои учениците на еден несекојдневен начин го потенцираа значењето на овошјето и неговата корисна примена. Гости на настанот беа децата од градинката “Јасна Ристеска “ кои се претставија со своја музичка точка на оваа тема, а учениците од О.У. “Братство Единство” им подарија дел од изработките од овошје.
– Ова е втор поголем настан во рамките на еко- проектот , овој пат под мотото “Јади овошје секој ден за да бидеш здрав како дрен”. О.У. “Братство Единство”. ќе продолжи и во иднина со вакви активности се со цел подигање на свеста на учениците за значењето на здравата храна- рече Јулиана Алексиеска, координатор на училишниот еко-тим.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com