Во организација на Женски центар „Бисера“ од Охрид во Младинскиот центар беше одбележан Меѓународниот ден на таткото.

Во одбележувањето во прекрасна атмосфера со многу песна, игра, смеа и дружење беа вклучени ученици од сите основни училишта од Општина Охрид, велат од Женски центар „Бисера“.

Голема благодарност до сите училишта, наставници и стручни служби кои несебично се вклучија, ги поттикнаа своите ученици да творат и им дадоа простор да ја изразат својата љубов и благодарност кон татковците преку своите цртежи, пораки и литературни творби. На настанот ги доделивме и наградите на најуспешните учесници на конкурсот, а нивната радост беше најубавиот дел од прославата, посочувааѕ.

Литературен конкурс

Одделенска настава
1 место Евгенија Балоска V одд. ОУ Живко Чинго- Велгошти
2 место Лина Чинго IV2 одд. ОУ Григор Прличев
3 место. Димитриј Спироски V одд. ОУ Ванчо Николески – Косел

Предметна настава
1 место Меланија Ристеска VIII3 одд. ОУ Кочо Рацин- Лакочереј
2 место Стефан Ристески VIа одд. ОУЖивко Чинго- Велгошти
3 место Медина Асановска IX одд. ОУ Братство и Единство

Ликовен конкурс

Одделенска настава
1 место Илина Аслимоска Vа одд. ОУ Ванчо Николески- Лескоец
2 место Регина Зенделова V7 одд. ОУ Братство и Единство
3 место Матеа Дуна III3 одд. ОУ Христо Узунов

Предметна настава
1 место Магдалена Шоптеска IX6 одд. ОУ Григор Прличев- Рача
2 место Делфина Трајковски IX6 одд. ОУ Григор Прличев
3 место Матеа Спироска ОУ VI одд. Кочо Рацин- Лакочереј

Преку настанот потенцираат била испратена силна порака за значењето на таткото во животот на секое дете.

Заедно создаваме поколенија кои знаат да ја препознаат, вреднуваат и покажат љубовта. Секако, голема благодарност до Општина Охрид, која го поддржа овој проект, додаваат од Женски центар „Бисера“.

OhridNews