Денес во селото Црвена Вода со низа свечености се одбележа Патрониот празник на општина Дебрца и 71- година од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ. Активностите за чествување на празникот започнаа со полагање на свежо цвеќе и посета на спомен домот  од  страна на делегација од општина Дебрца , Општинската организација на Сојузот на борци во општините Охрид и Дебрца, општинската организација на Сојуз на борци Струга, Здружение на Ветераните од одбраната и безбедноста  на РМ (огранок Охрид), Здружение на Титоисти Охрид и Струга и МЗ Црвена Вода.

Празнувањето продолжи во просториите на салата во село Мешеишта каде присуствуваа  претставници од општина Дебрца,претставници од Сојузот на борци, ученици, родители и многу други каде учениците од ОУ „ Дебрца“, се претставија со литературни творби.Пред присутните се обрати Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски.

– 3- ти октомври е ден на општина Дебрца, ден кој претставува своевиден празник за сите жители на Дебрца. И токму на овој ден, преку овој настан можеме да укажеме дека историјата (минатото)  и сегашноста говорат за нашата грижа кон иднината што ја имаме за нашата Општина. Дека сите сме дел од неа  и дека сите ќе го даваме својот придонес за просперитетот на Дебрца во сите области.Пред нас стојат голем број на предизвици за што подобра Општина , но само со упорност и макотрпна работа ќе успееме на секој 3ти октомври во годината да набројуваме што повеќе реализирани проекти, а со тоа и подобри услови во секојдневното живеење во општината Дебрца. Да не заборавиме дека денешниот ден претставува  ден кога е прогласен Манифестот на АСНОМ во далечната 1943 во село Црвена Вода и по 71 година ние како идни поколенија не смееме да дозволиме да се заборави овој ден- истакна во своето обраќање градоначалникот Трајкоски.

OhridNews