ОУ „Христо Узунов“ со пригодна свеченост што синоќа се одржа во Центарот за култура по 32 пат го прослави името и делото на патронот – големиот хуманист и идеолог, охридскиот илинденец, Христо Узунов.

На свечената академија поздравно обраќање имаше директорката на училиштето Оливија Пирузева – Јанева, која се осврна на реализираните бројни проекти со кои во голема мера се подобрени условите за одвивање на наставата, за што таа упати благодарност до локалната самоуправа.

Во оваа година целосно е реконструиран училишниот двор и делот околу спортското игралиште; реновиран е подот во 10 училници; воведена е чуварска служба; подобрен е квалитетот на наставата со проектот Воведување на наставници по физичко образование во одделенска настава кои им помагаат на одделенските наставници при реализација на овој предмет; а продолжниот престој се организира со помош на Локалната самоуправа, истакна Пирузева – Јанева.

Таа истакна дека дека паралелно со подобрувањето на условите активно се работи на дообука на наставниот кадар преку семинари организирани од БРО и УСАИД.
 
Преку стручното усовршување нашиот наставник прераснува во носител и инспиратор во создавањето на новите педагошки вредности во практиката и создавање на примарни исчекорувања во наставните постапки. Наставно воспитниот процес во ОУ “Христо Узунов”, со вака обучен кадар е лесно да се спроведува, посебно кога на тоа ќе се додаде кодексот за однесување на учениците и наставниците кој во целост се почитува, рече директорката Оливија Пирузева – Јанева.

На свеченоста беа поздравени најдобрите ученици, кои како што беше истакнато од училиштето ќе заминат како достојни следбеници на патронот Христо Узуниов, и кои знаат дека иднината е еден нов предизвик во кој ќе продолжат и понатаму да чекорат по патеката зацртана во изминатите осум години. Тоа се: Александра Јовческа, Катерина Петреска, Александар Мечкароски, Милка Голубовиќ, Јованка Коваческа, Маринела Ангелеска, Теодора Настоска и Наум Ѓоргески.

На академијата, на која присуствуваа голем број гости и родители,  беа доделени и наградите на победниците на  литературно-ликовниот и музички конкурс, на тема: “Ако изумре јазикот, умира и родот”:

     Литературни творби:
–    Одделенска настава:
–    1награда Саво Костовски 4/5
–    2 награда Викторија Пановска 2/4 одделение
     
–    Предметна настава:
–    1 награда  Маринела Ангелска 8/3
–    2 награда Емилија Костоска 6/2, и
–    3 награда Сања Симоновиќ 5/2 одд.

     Ликовни творби:
–    Одделенска настава:
–    1 награда Емилија Стојаноска 4/3,
–    2 награда Марија Јорданоска  2/4,
–    3 награда Ефимија Дуцкиновиќ 2/4

–    Предметна настава:
–    1 награда Елеонора Шурбаноска и Данче Петреска 7/1,
–    2 награда Сања Симоновиќ 5/2, и Валентин Ристески 8/4,
–    3 награда Јована Голабовска 7/4 и Симона Трајческа 7/2

Наградата за најдобра музичка творба ја освои песната “Мојот живот” на музика и текст од Катерина Петреска 8/1 одделение.

Ohridnews