Со пригодна свеченост, основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти го одбележа својот патронен празник.
Пригодбата започна со музичка точка на училишниот хор. На учениците им беа доделени награди за литературниот и ликовниот конкурс, како и за нивните достигнувања на општинските натпревари по знаење.
Пред присутните свое обраќање имаше в.д. директорот на училиштето, Љубица Ангелоска Кркачоска, кој на најуспешните ученици им додели награди.
На свечената пригодба присуствуваа градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, претставници на локалната самоуправа и БРО и директорите од основните и средните училишта.
OhridNews
















