По повод одбележувањето на 3- ти декември – Светскиот ден на лицата со хендикеп , денеска, во просториите на Здружението на телесни инвалиди се одржа свеченост.
На свеченоста претседателите на здруженијата на лицата со хендикеп изразија благодарност за поддршката на локалната самоуправа, со надеж дека соработката ќе продолжи во иднина. Гаранција за ваквиот став, како што беше речено е усвојувањето на Локалниот акционен план за унапредување на положбата на лицата со попреченост во Општина Охрид.
Во рамките на одбележувањето, Здружението на телесните инвалиди, Здружението на слепи и Здружението на глуви и наглуви лица и другите асоциации, организираа спортски натпревари во повеќе дисциплини.
Свеченост по повод Денот на лицата со хедикеп се одржа и во просториите на Здружението на телесните инвалиди во Охрид. На прославата присуствуваше претседателот на Советот на Општина Охрид, Душко Јаковчески, кој истакна дека со Локалниот акционен план што неодамна го усвоија градските советници, ќе се овозможи подобра комуникација помеѓу локалната самоуправа и здруженијата на лица со хендикеп, со цел поефикасно решавање на проблемите.
Со пригодна свеченост Денот го одбележа и Здружението на родители на деца со церебрална парализа од Охрид.
Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца, во село Црвена Вода ја одбележаа 83...
На 03102026 во 02:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид од слобода лишија 38-годишно лице од Охрид Тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга По целосно документирање на настан...
Проектот за реконструкција на кеј „Македонија“ е во завршна фаза Станува збор за капитален инфраструктурен проект со кој ќе се уреди кејот и ќе добие нов изглед и организиран начин на поставување н...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.