Во манастирот „Света Петка” во Велгошти, синоќа, во организација на ОК ВМРО ДПМНЕ, беше одбележана 119-годишнината .од формирањето на првата востаничка чета во Охридско.

Оваа традиција е секогаш обврска којашто и понатаму треба да се негува и почитува. Секоја генерација си има своја борба, а нашите предци ни оставија аманет кој ние како генерација доследно треба да го продолжиме и пренесеме на идните генерации. – истакна Др. Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРОД ДПМНЕ и кандидат за пратеник во 5 ИЕ.

На настанот со едноминутно молчење му беше оддадена полит на починатиот Димче Милески, поранешен претседател на МК Велгошти и еден од иницијаторите на воозобнувањето на традицијата на прославата на денот на формирањето на првата востаничка чета во Охридско. Учесниците положија свежо цвеќе во чест на хероите од минатото.

OhridNews