Со пригодна свеченост, Општинската организација на Сојузот на борци  од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебарца денеска ја одбележаа 70-  годишнината од битката кај Српница – Охридско.

По тој повод беше положено свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ во село Лешани и на споменикот на паднатите борци од НОБ на споменикот во Српница.

На настанот присуствуваше и делегација од општина Дебарца на чело со градоначалникот Игор Трајкоски.  За значењето на овој настан пригодно обраќање имаа Гоце Георгиески – претседател на ОО на СБ за Охрид и Дебарца и Крсте Крстаноски – учесник во НОАВМ.

OhridNews