Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето од НОВ во с. Сливово, денеска, беше одбележана 70-годишнината од формирање на првата Македонско – косовска ударна бригада -МКНОУПБ. 

Пред споменикот од НОВ се поклонија делегации на Општина Дебарца, која ја организираше свеченоста, на општинските организација на Сојузот на борци од народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 год. и граѓаните продолжувачи во општините Охрид, Дебарца и Струга, АРМ,  ЦОУ „Дебрца“, граѓани и други.

 

За значењето на настанот пред присутните говореше професорот по историја Наце Иваноски.

OhridNews