Во Кочани оддадена почит кон невините 63 животи што прерано згаснаа во трагедијата во дикотеката „Пулс“ кобниот 16 март 2025 година. Во нивна чест во Паркот на револуцијата беше поставена симболична инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“ по што следеше комеморативниот настан во Центарот за култура „Бели мугри“.

Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината се уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа. Со голема почит се потпишав во книгата на жалост како искрен чин на почит кон настраданите и како израз на солидарност со нивните семејства и присуствував на комеморативниот настан „Ден на сеќавање -16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“. Нека споменот за нив остане вечен, а нашата заедничка човечност и единство нека бидат сила што ќе не води напред. Со длабоко сочувство кон семејствата, Кочани памети, Македонија памети, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Во Кочани денес беше и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, каде што оддаде почит на жртвите од трагедијата што се случи пред точно една година.
Денеска во Кочани оддаваме длабока почит кон прерано згаснатите млади животи. Не постојат зборови што можат да ја опишат болката и тагата на семејствата кои ги загубија своите најмили. Сочувство кон родителите и нивните најблиски. Нека им е вечен споменот, вели Филипче.
Викендов беа одржани повеќе настани со кои им се оддаде почит на жртвите во трагедијата, а беше одржана и Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани.
Во несреќата во Кочани беа повредени повеќе од 200 лица.
OhridNews
















