Во организација на Младинскиот совет Охрид, попладнево во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа пригодна свеченост со која се одбележаа 152 години од добивањето на ловоровиот венец и доделувањето на наградата на Григор Прличев за најдобра поема за „Сердарот“.


– При организирање на манифестацијата „Прличеви беседи“, меѓудругото се одбележува упокојувањето на Прличев. Ние сметавме дека треба да се одбележи токму овој ден- кога во Атина му е доделена наградата, бидејќи значењето на Прличев е големо и со неодбележување на овој ден на еден начин се занемарува неговиот лик и дело, вели претседателот на МСО, Димче Каневче.

Од МСО потенцираат дека идејата е одбележувањето на 25- ти март, во иднина да стане традиција и секоја година да се одбележува на сличен начин.


 
На денешната свеченост беше изведен рециталот ,,ЗА ПРЛИЧЕВ,, а се изврши и промоција на книгата ,,Уметнички воздишки на малите срца,, која содржи творби на членовите на литературниот клуб ,,ПОЕМА,, кој функционира како дел од МСО. 

МСО настанот го организира со поддршка на НУ Центар за култура ,,Григор Прличев,, НУ градска библиотека ,,Григор Прличев,, Охрид, Завод за заштита на културно историски споменици и музеј – Охрид, историски архив – Охрид и Локалната Самоуправа.

OhridNews