Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941- 1945 и граѓаните продолжувачи, во соработка со општините Охрид и Дебрца , денеска  организираа свечено одбележување на денот на формирањето на Првата македонско-косовска ударна пролетерска бригада.

Свеченостите започнаа со посета на спомен собата од НОБ и ликовната колонија во Белчишта, а продолжија во селото Сливово каде  се одржа централната свеченост, на која пригодно обраќање имаа генерал Тодор Атанасоски , претседателот на Републичкиот одбор и  претседателот на Општинската организација на Сојузот на борците од НОАВМ, Гоце Георгиески.

Во рамките на прославата   се одржа и пригодна културно- уметничка програма ,  беа доделени благодарници и свечено  беше отворена спомен собата од НОБ во селото Сливово.

OhridNews