Одбележана годишнината од формирањето на Шестата народноослободителна бригада и Шестата пешадиска бригада
05.09.26 09:16
На пригодна свеченост во поранешната касарна во Охрид, беше одбележана 82 годишнина од формирањето на Шестата народноослободителна бригада и 33 годишнината од формирањето на Шестата пешадиска бригада на АРМ.
Во името на организаторот-Здружение на ветераните од одбраната и безбедност од Охрид, пред построените припадници и почитувачи на шестата бригада, високи старешини на АРМ, поранешни војници од составот на Шестата пешадиска бригада на АРМ, претставници на СВР Охрид и други присутни гости, се обрати полковникот во пензија Добре Вељаноски, претседател на организацијата на ветераните од Охрид кој, заедно со полковникот во пензија Павле Момироски, тогашен заменик на првиот командант на охридскиот гарнизон, полковникот Јосип Хајба, се осврнаа на развојниот, борбениот и историски пат на шестата пешадиска бригада.
На пригодната свеченост, зборуваше и Ана Крстеска, заменик градоначалник на општина Охрид, а пред бистата на народниот херој и прв командант на Главниот штаб на партизанките единици во антифашистичката и ослободителната војна, генералот Михајло Апостолски, свежо цвеќе положија делегации на општините Охрид и Дебрца, на АРМ, на сојузот на борци и ветерани од одбраната и безбедностаод Охрид, Струга, Дебар, Ресен, Битола.
Пред почетокот на свеченоста, заедничка делегација од членови од семејството на полковникот Јосип Хајба, првиот командант на единицата и ветерани – негови тогашни колеги старешини, положија цвеќе на неговото вечно почивалиште на градските гробишта во Охрид.
Присутните гости во охридската поранешна касарна, имаа можност да ја разгледаат Спомен собата на Шестата пешадиска бригада на АРМ по што се одржа и пригодна музичка церемонија. За крај на свечената церемонија беше ручекот со неизбежното гравче.
Постапката за легализација на бесправно изградени објекти во Општина Струга добива забрзано темпо Денеска градоначалникот Менди Ќура доделил 42 нови решенија за легализација, со што бројот на заврш...
Денеска се навршуваат седумнаесет години од трагедијата на Охридското Езеро кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од соседна Бугарија Несреќата се случи на 5 септ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец Во Охрид времето денес сончево со мала до умерена облачност Максималната температура ќе достигн...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.