По повод 140 години од раѓањето и 110 години од смртта, делегации од Општина Охрид, од Подрачната единица на историскиот архив на Македонија и од Сојузот на Борци од НОБ, денес, положија свежо цвеќе пред спомен плочата на охридскиот ѓемиџија, Марко Бошнаков.

Во големата сала на општина Охрид се одржа и историски час за Бошнаков, од страна на Горан Митрески од НУ “Завод и музеј“- Охрид.

Меѓу бројната публика беше и дел од семејството на познатиот охридски гемиџија.

OhridNews