Делегација на Локалната самоуправа, предводена од претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски денеска положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Андон Дуков, по повод годишнината од неговата смрт.
Свежо цвеќе положија и претставници на Сојузот на борци од Охрид и Дебарца и граѓани.
Андон Дуков бил резбар од првата генерација на современи македонски уметници, воедно и сликар и борец во НОБ. Тој бил роден во Охрид на 20-ти јануари 1909 година. Во родниот град завршил копаничарско училиште, а во Белград студирал на Уметничката академија. Работел како учител по цртање во гимназијата во Врање.
Во 1941 година, по капитулацијата на Кралството Југославија, се вратил во Охрид каде се вклучил во борбата против бугарската окупација. На 27-ми ноември 1941 година е осуден во отсуство на 12 и пол години затвор. Според историските податоци, починал од измрзнување во февруари или март 1944 година на планината Кожуф.
Во Охрид на 12 февруари 2026 година (четврток) ќе се одржи премиерна проекција на документарниот филм „К-15: Од другата страна“ – првиот документарец што ја раскажува приказната зад најголемиот хум...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 43-годишно лице од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од ра...
Делегација на Владата составена од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, министерот за жив...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.