По повод 107 годишнината од смртта на Христо Узунов, денеска, делегација на општина Охрид , предводена од градоначалникот Александар Петрески положи свежо цвеќе на бистата на Узунов, што се наоѓа во градскиот парк. На бистата на херојот, цвеќе положија и делегации на институции и невладини организации.

Делегација на Општина Охрид, денеска присусутвуваше И  на свеченоста која по повод годишнината се одржа во кичевското село Цер.

OhridNews