Во големата сала на општинската зграда претпладнево со пригодна свеченост се одбележаа 111 години од Илинденското востание и 70 години од првото заседание на АСНОМ. Пред бројните присутни гости се обратија заменик градоначалникот Ангел Јанев и  Гоце Георгиески – претседател на општинската организација на Сојузот на борци од Охрид и Дебарца.

Како што истакна Георгиески,  Илинден е датум кога Македонија слави за успехот, храброста и херојството, при што се искажува почитта кон жртвите положени за слободна Македонија.

– Нашата борба за слобода и напредок е заснована врз историски континуитет на преплетување на идејните вредности на двата илиндена, на избликот на  националниот креативен потенцијал на пркосот на духот желен за слободарство , на храброста за печатена со победа. Вториот Илинден ги внесе во себе цивилизациските придобивки на првиот, ги награди и оствари. Наша света должност е да ја сочуваме тешко стекнатата слобода и да продолжиме да се бориме за правата на сите свои граѓани, пред се за правото  на име, идентитет, култура, јазик и достоинствен живот во Македонија како дел од обединета Европа, рече Георгиески.

Свеченоста беше збогатена со настапот на музичката група при охридското Здружение на пензионери.

OhridNews