Во Велгошти во манастирот Света Петка, изминатиот викенд беа одбележани 118 години од формирањето на првата востаничка чета во охридско. За историското значење на овој настан, кој се смета за најголем успех на Охридската револуционерна организација говореше писателот Мирко Томоски.
Ќе наведам еден пример за одданите револуционери и алчните предавници врзан со Велгошти додека Русински бил војвода. Во Охрид имало некој кројач, кој бил познат као шпион, за што бил добро платен бидејќи ја известувал власта за движењето на комитетот. На 10 ноември 1902 година, на некој празник, каде имало многу народ дојден од околните села, дошол во Велгошти со некој спахија и почанал да се распрашува за комитите. Потоа влегол во првата куќа и по наредба на спахијата му наредил на домаќинот да излезе. Само што излегле од куќата, велгоштанецот испукал два куршума од револверот и го ранил Шандана во грбот. Поради овој случај, уште следниот ден, полицијата затворила 25 души од Велгошти. – истакна Томоски.



OhridNews












