Во манастирот „Св. Петка“ во Велгошти вчера беше одбележан јубилејот 125 години од формирањето на Првата охридска востаничка чета.
На денот кога се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и непокорот на нашите предци го одбележавме значајниот јубилеј. Им оддадовме почит на охридските војводи и комити кои со вера во слободата и љубов кон татковината го трасираа патот на македонската борба за национално ослободување. Слободата не е наследство што се чува во книги, таа е аманет што се брани со чест, достоинство и љубов кон татковината, вели претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.
За историското значење на овој чин, кој се смета за најголем успех на Охридската револуционерна организација говореше проф. Михаил Патчев.
Свежо цвеќе положија делегации и се поклонаа пред делото на хероите негувајќи ја историската меморија и пренесувајќи ја нивната порака на идните генерации.
На формирањето на Првата охридска востаничка чета присуствувале Христо Узунов, Наум Цветинов, Андреј Христов, Наум Златарев и Никола Костојчинов, а според најновите откритија е забележано дека и мајката на Узунов присуствувала на овој настан. Историскиот чин се одиграл во манастирот „Света Петка“ во Велгошти во 1901 година.
OhridNews













