Со положување свежо цвеќе на спомен-обележјето „Солза на Роза“, денеска во Охрид беа одбележани 17 години од трагичната несреќа на бродот „Илинден“, во која животот го загубија 15 бугарски туристи.
Делегација на Општина Охрид положи свежо цвеќе во знак на почит и сеќавање на жртвите од несреќата.
Несреќата се случи на 5 септември 2009 година во 10:30 часот, на околу 250 метри оддалеченост од брегот на Охридското Езеро, кај автокампот „Елешец“. Бродот „Илинден“ превезуваше 57 патници на релација од Охрид до Свети Наум.
OhridNews















