Во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Ботун, Општина Дебрца, вчера, 13 септември, беа одбележани 30 години од осветувањето на манастирскиот храм посветен на Успението на Пресвета Богородица.

По тој повод, во Петнаесеттата недела по Педесетница, на празникот Полагање на чесниот појас на Пресвета Богородица, како и на споменот на свети Кипријан, Епископ Картагински, свети Јован, Патријарх Цариградски, и свети Јован, Митрополит Киевски, во манастирскиот храм беше отслужена света архиерејска Литургија.

Со Литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

На богослужението присуствуваше многуброен верен народ, како и градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски.

OhridNews

фото. ДКЕ