Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга

Од 02.10.2022 - 18:00 до 02.10.2022 - 20:00

Во холот на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, на 2-ри октомври 2022година, со почеток во 18:00 часот, ќе се одбележи 160 годишнината од смртта на македонските преродбеници Димитрија и Константин Миладиновци.

На настанот ќе се промовира монографијата на Ристе Миладин – Јубилејна монографија 1968-2008-2018, 50 години театарска дејност, 10 години Драмско студиот „Миладин“ и збирката песни на Христијан Миладинов – „Под месечината“, информираат од Центарот за култура.

Промотори на монографијата се проф. д-р Иван Додовски, проф. д-р отец Стефан Санџакоски и Димитрие Дурацоски. Промотор на збирката песни ќе биде проф. Билјана Мартиноска.

Промоцијата ќе биде проследена со културно забавна програма и коктел за присутните, додаваат во соопштението.

OhridNews