Државната изборна комисија го отфрли и шестиот приговор поднесен од политичката партија БЕСА за постапка за собирање и утврдување на резултатите во цела општина Гази Баба. Остануваат уште два приговори на БЕСА, а потоа ќе се разгледуваат на СДСМ.

Членот на ДИК Игор Митов побара по службена должност да се отвори гласачкиот материјал од ова изборно место и да се утврди фактичката состојба. Предлогот беше ставен на гласање, но повторно беше одбиен. Субхи Јакупи пред гласањето рече дека  нема основ за тоа бидејќи во записникот од ова избирачко место имало само три неважечки ливчиња.

Според членот Бедредин Ибраими, во овие приговори нема законитост бидејќи немаат докази.