Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук напиша дека владиното мнозинство не ја примило граѓанската иницијатива за одложување на пописот.
Владиното мнозинство не ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот кој е очигледен фалсификат. Изговорот е дека не постоела институцијата Собрание на Република Македонија. Кој се плаши и бега од сопствениот народ срамно завршува.На утрешната седница на Централниот комитет ќе предложам да отпочнеме со собирање на граѓански потписи во градовите и селата. Никој не победил народ. Ќе ги имаме потписите од пратениците и потписите на народот, напиша Мицкоски, кој во објавата споделува и допис од Собранието.

OhridNews












