Чуварот на мрежата на селекцијата на Гана, Ричард Кингстон откри шоконтна вистина околу подмитување за местење на натпревари на Светското првенство во 2010.


Голманот на “црните ѕвезди“ добил повик од анонимец кој му понудил 300 000 евра за мечот со Чешка да заврши со триумф на европејците 2-0.

Наспроти тоа мечот на СП помеѓу Гана и Чешка заврши со победа на африканците со што обезбедија пласман во најдобрите 16, а таму ги пречека Бразил и ги елиминираше.

Мх.П.