Голманите на Металург и Вардар, Дарко Арсиќ и Арпат Штербик заедно со македонскиот репрезентативец Борко Ристовски имаат свои одбрани во изборот на ЕХФ за најдобрите 30-ет за годината што изминува.


Првата одбраната на Арсиќ се наоѓа на 29-та позиција, додека втората на петтата позиција. Одбраната на Ристовски во дресот на Рајн Некар против Вардар му донесе пласман на 24-то место, а Штербик со две свои одбрани рангиран е на 20-та односно 5-та позиција.

Првопласиран во изборот на ЕХФ е чуварот на мрежата на Рајн Некар, Микаел Апелгрен за двојната интервенција на дуелот со Вардар во Скопје.

OhridNews