Одбраните на македонскиот голман, Благојче Трајкоски и словенскиот Матевж Скок во една акција се најдоа на втората позиција во изборот на најдобрите од Светското првенство во Франција. Очекувано, првото место му припадна на норвешкиот чувар на мрежата, Бергулунд кој со одбраниот седмерец на Хорват во полуфиналето по истекот на мечот ја спаси од сигурен пораз својата земја. Погледнете !

За репрезентацијата на Македонија ова е второ вакво признание, откако двојниот цепелин на Дејан Манасков и Кирил Лазаров беше избран за најдобар погодок на СП.

OhridNews