Часови не делат од музичкиот спектакл на зајдисонце со секстетот на светски познатиот џез и фанк уметник Владимир Четкар, што ќе се одржи денеска, 20 јули, во 19 часот, на плажатата „Бонанца“ во населбата Св. Стефан во Охрид.

Владимир Четкар ќе настапи во секстет постава која ја сочинуваат Трајко Велков на труба, Борислав Веселинов на тенор саксофон, Филип Стевановски на тромбон, Ѓоле Максимовски на бас и Виктор Филиповски на тапани.

За оние кои се’ уште не обезбедиле карти за концертот, тие се продаваат по цена од 200 МКД во Охрид на плажата „Бонанца“ и ресторанот „Белведере“ во центар како и во Скопје во „Чув Де Чув“.

OhridNews

Владимир Четкар: Потребен е баланс на забава и мир како за туристите така и за локалното население во градот на УНЕСКО