Одделението за катастар на недвижности Охрид, информира, изминатата година, заклучно со 20.12.2013 год., постапило по сите пристигнати 51.037 предмети и донело соодветни решенија за сите нив.

Во информацијата на Одделението за катастар на недвижности Охрид, се посочува дека во тек е и процес на дигитализација на катастарските планови за вкупно 44 катастарски општини на територијата на Општина Охрид и Општина Дебрца, кој процес е предвидено да заврши до крајот на 2014 година. 

-Процесот ќе придонесе за уште поголемо скратување на роковите потребни за запишување на правата на недвижностите, иако со самото воспставување на катастарот на недвижностите и воведувањето на електронскиот катастар во огромна мера веќе и се скратени.По завршувањето на целиот процес Одделението треба да располага со интегрирана електронска база во која комплетно ќе се хармонизирани алфанумеричките односно описните податоци за катастарската парцела – како податоците за сопственоста, површината, културата, класата и слично – со графичкиот приказ за истата. Односно, она што сопственикот го поседува согласно правната и техничка документација треба да биде соодветно на она што како податок е запишано во имотниот лист и комплетно воедначено со она што го добива како копија од катастарски план.- објаснуваат од Одделението за катастар на недвижности Охрид.

Исто така во 2013 година, извршени биле геодетските работи за посебни намени во интерес на Републиката, а поврзани со предвидениот автопат Кичево-Охрид. Во насока на модернизитрање, пак, месецов предвидено е пуштањето во употреба и на новиот ВЕБ ГИС портал, кој ќе е збогатен со нови содржини, ќе биде воведен нов електронски шалтер преку кој сите нотари, општини и геодетски фирми електронски ќе работат со катастарот. Нотарите директно во електронскиот катастар ќе ги запишуваат договорите за купопродажба и хипотеките, а системот на електронски дозволи на општините директно ќе биде поврзан со електронскиот шалтер на агенцијата, тука се и воспоставувањето на подземниот катастар или катастар на инфраструктурни објекти и во март е предвидено и издавање на првиот имотен лист, потоа масовната проценка на недвижностите со воспоставувањето на регистар на цени што ќе се реализира од месец мај, воспоставувањто на регистар на градежно земјиште, адресниот регистар и др., се вели во информацијата на Одделението за катастар на недвижности Охрид.

OhridNews