Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид се оддржа основачко Собрание на 12-тата по ред општинска организација на Граѓанската опција за Македонија -ГРОМ.

На Собранието, едногласно беше усвоен деловникот за работа, а беа формирани телата и органите на општинскиот огранок на партијата чиј лидер е Стевче Јакимоски.

За претседател на општинската организација на ГРОМ е назначен актуелниот член на Советот при општина Охрид, Љупчо Настоски. Надзорниот одбор брои пет членови меѓу кои Никола Иванчиќ, Ацо Маринчевски, Марија Стоеска, Сања и Јордан Матоски, додека Општинскиот одбор е составен од 31 член.

Искрено уште еднаш го поздравувам лидерот на нашата партија, Стевче Јакимоски, членовите на телата на ГРОМ и другите гости кои исто така не испочитуваа со своето присуство. Воедно сакам да ви заблагодарам на довербата што ми ја дадовте. Ве уверувам дека заедно со вас ќе направиме Охрид да добие политичка сила. Тргнавме по патот на една голема идеа, на Граѓанската опција за Македонија. Морам да бидам искрен и да кажам дека стоејќи пред вас, длабоко во себе сум сигурен дека тој пат ќе го изодиме и дека пред граѓаните ќе покажеме дека сме биле во право кога сите заедно застанавме зад програмата на ГРОМ, која во еден кризен период понуди нова граѓанска опција за подобра иднина на Република Македонија.“ – истакна претседателот на општинската организација на ГРОМ, Љупчо Настоски.

Тој додаде дека партијата ќе бори против сите оние кои сакаат да го деградираат природното и културното наследство во Охрид кое е под заштита на УНЕСКО, при тоа поддржувајќи проекти за развој на туризмот, односно привлекување инвестиции во делот на лесните еколошки индустрии.

Почнавме скромно, но од ден во ден ни се придружуваат нови членови, сега наши сопартици. Тоа ни даде сила да ги интензивираме нашите активности за зголемување на бројот на членови и симпатизери на ГРОМ. Вечерашното основачко Собрание сите заедно го честувуваме како празник за политичката сцена во Охрид. ГРОМ е опција за која сите сме убедени дека ќе го освежи црно-белиот политички амбиент во нашиот регион. Очекувајте дека ќе има и такви кои ќе ни бараат мани и ќе ни лепат етикети. Енергично ќе им одговориме дека само со реализација на нови принципи како што се оние во прграмската оопределба на ГРОМ, Република Македонија нема да преживува, туку ќе излезе од длабоката криза. Ќе го трасираме новиот пат кон подобра иднина. Ние сме охриѓани и имаме визија да го вратиме сјајот на древниот Лихнидос. На граѓаните ќе им понудиме проекти и затоа на следните избори ќе го очекуваме нивниот глас.“ – додаде Настоски.

Лидерот на Граѓанската опција за Македонија, Стевче Јакимоски, истакна дека општинскиот огранок на ГРОМ во Охрид брои над 1200 членови.

Сметам дека во Охрид имаме и тоа како добра структура затоа што веќе имаме над 1200 членови. Со тоа, граѓаните на Охрид покажуваат дека има интерес за Граѓанската опција за Македонија. Она што е за нас битно е дека во наредниот период, поточно до 20-ти декември, ќе ги конституираме сите 40 општински организации кои ги имаме планирано за оваа година, а потоа ќе започнеме со развивање на мрежата на ГРОМ по месните организации.“ – истакна лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимоски.

Тој нагласи дека Граѓанската опција за Македонија ќе се бори за „дескопјанизација“ на Македонија, односно рамноправен економски развој во секој дел од земјава.

ГРОМ има што да понуди во многу области од нашето живеење. Во делот на економијата, ГРОМ смета дека со вакви високи фискални расходи ставаме оловни нозе на нашето стопанство и сметаме дека повеќе пари треба да има за стопанството и граѓаните, а помалку за Владата. Малите и средни претпријатија треба да се поддржуваат и стимулираат, за што се носители на развјот. Граѓанската ориентација за вработување треба да биде кон приватниот сектор, затоа што тоа дава неограничени  можности, наспроти државната администрација со ограничени капацитети. Ќе се бориме за целосна децентрализација на Република Македонија во делот на социјална и здравствена заштита, односно јавна безбедност. Сметаме дека земјоделците треба да добиваат стимулации, односно да се изгради инфраструктура. Образованието мора дда има употребна вредност, односно сметаме дека високото образование неоправдано се фаворизира на сметка на предшколското, основното и средното. Сметаме дека учениците треба да се растеретат од непотребните предмети.“ – нагласи Јакимоски.

За членови на работното претседателство се назначени Борче Велјаноски, Каролина Пешликоска Наумоска, Сања Сатиноска, Александар Шопоски и Милена Велјаноска. Во Верификационата комисија се Бошко Силјаноски, Весна Илиеска и Ристе Шопоски. Кандидатицоната комисија ја сочинуваат Сања Старафилоска, Благојче Алексиески и Марија Стоеска, додека записничар е Борче Пешликоси, а заверувачи Александра Андрееска и Владо Каралиески.

O.T.