Министерството за внатрешни работи информира дека вчера, во 16.05 часот, во село Ливоишта, охридско, од полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Охрид е лишен од слобода 29-годишен жител на селото поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.
OhridNews











