Деновиве во издание на Уметничката академија ИСТОК од Књажевац излезе од печат книгата „Одење по вода“ („Ходање по води“) од Славе Ѓорѓо Димоски. Книгата содржи осумдесетина песни а на српски ги преведе поетот Радослв Вучковиќ.  Оваа е петта книга на Ѓорѓо Димоски објавена во Србија. Преходните се: „Мерач на зборовите“ („Мерач речи“), „Поле. Бојно поле?“ („Поље. Бојно Поље“). „Блиска врска“ („Блиска веза“) и „Јазичен триптихон“ („Језички триптихон“).

Во книгата објавен е пообемен есеј од Душан Стоковиќ кој дава свое видување за поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски:  „Основна слика на целата поезија на поетот на нијанси Славе  Ѓорѓо Димоски би можела да се именува како кутија во кутија. Ништо во неговата поезија не може да се чита и толкува на „прва топка“. Под видливите слики се кријат внатрешни, соновидни. Постојано освојувајќи го треперливиот меѓупростор, поетот ја брише секоја граница која би ги омеѓувала надворешната внатрешност и внатрешната надворешност“, меѓу другото ќе запише Душан стојкович.

Осумнаесет оделни поеткси книги   на Ѓорѓо се објавени на други јазици, а одделни песни и поетски циклуси преведени се на над триесет јазици. За неговата поезија напишана е едена есеистичка книга, а во Италија одбранет е магистерски труд.

За својата поезија повеќекратно е наградуван во земјава и странство, а меѓу наградите се „Браќа Миладиновци“ на СВП, „Ацо Шопов“, „Сергеј Есенин“, „Гран-при на европската поезија, и двапати на охридскато највисоко признание “Св. Климент Охридски, патрон на Охрид“, еднаш за особен придонес во подемот на Охрид и еднаш за животно дело.

OhridNews