Студеното време и најавата за драстичен пад на температурите ги натераа охриѓани порано да ја почнат грејната сезона. Домаќинствата ги палат печките и ги активираат грејните тела, а се вклучуваат и системите за греење во претпријатијата и јавните објекти. Прочади и оџакот во деловниот комплекс во кој се сместени „Охридска банка“ и подружницата на „ЕВН“, од кој вчера се издигаше густ чад кој го сврте вниманието на минувачите.


Грејната сезона почна

OhridNews